Во последните 24 часа направени се 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се вкупно 539 пациенти, од кои 50 во Охрид, информира Министерството за здравство.
Во Скопје се регистрирани нови 53 случаи, Прилеп -13, Куманово-8, Кочани -6, Крива Паланка -4, Тетово-3 и Виница -3, Штип-2, Кавадарци, Крушево и Неготино по два, Струга, Битола, Гостивар-, Гевгелија, Радовиш и Свети Николе по еден.

Во моментов во Охрид има 399 активни случаи, а во Струга 204.
OhridNews











