Од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ апелирааат граѓаните да ги почитуваат правилата за паркирање и да не ги паркираат своите автомобили на местата кои се одбележани за паркирање за лица со попреченост.  Од претпријатието велат дека веќе подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваат на несовесните граѓани, но проблемот продолжува.

Ја информираме јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби, велат од ЈП „Билјанини Извори“. 

ЈП „Билјанини извори“ уште еднаш апелира до сите граѓани да го почитуваат правото за користење на паркинг место на лицата со попреченост кој согласно закон треба да се почитува.

OhridNews