Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” деновиве со акции за чистење на неколку локации. Како што информираат од претпријатието одржувањето на јавната чистота е приоритет со цел обезбедување здрава и чиста животна средина.

Изминативе денови службите беа ангажирани во селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец, Велгошти и Подмоље, каде се расчистуваше расфрланиот комунален и зелен отпад покрај пристапните патишта до селата и отворените површини од јавен интерес, информираат од ЈП „Охридски Комуналец”.

Додават дека деновиве беше спроведено и расчистување на ул.„Бистрица”.

Екипите на „Паркови и зеленило” генерално ја расчистија ул. „Бистрица“ со расчистување на ниската вегетација од тротоарите и дивата жбунеста вегетација со што е овозможено непречено движење на пешаците. Темелно се расчисти и дворот од „Ѓурџи Беј” џамијата каде се отстрани дивата вегетација и се подигна зелениот отпад.

Распоредот и динамиката на овие активности се реализира согласно Програмата за работа за 2021 година.

OhridNews