Јавното претпријатие Водовод ги известува корисниците дека поради претстојните ниски температури постои можност за предизвикување на разни дефекти на водомерите како последица од замрзнување.

Поради тоа потребно е истите да се заштитат како би се избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша стрaна. Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор), велат од ЈП Водовод.

 

OhridNews