На 30 септември околу 11.10 часот во полициската станица Струга пријавено е дека во атар на струшкото село Подгорци, бил пронајден починат Р.А.(63) од истото село.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош било констатирано дека починал по пад од дрво, без траги од насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството, информира СВР Охрид.

OhridNews