Во дерби средбата од 30-та рунда од “калчо лигата“ Јувентус со 2-1 го совлада Интер на Џузепе Меаца и го направи можеби клучниот чекор кон титулата во Серија А.
“Бјанконерите“ поведоа уште во третата минута со голот на Квалјарела, “нерозурите“ израмнаа преку Паласиос во 54-та минута додека победничкиот гол го постигна Матри пет минути подоцна.
Резултати : Интер – Јувентус 1-2, Палермо – Рома 3-0, Лацио – Катанија 2-1, Аталанта – Сампдорија 0-0, Калјари – Фиорентина 2-1, Џенова – Сиена 2-2, Парма – Пескара 3-0, Удинезе – Болоња 0-0, Киево – Милан 18:00ч, Торино – Наполи 20:45ч.
Табела : Јувентус 68, Наполи 56 (-1), Милан 54 (-1), Фиорентина 51, Лацио 50….