Нема добри вести на стартот на подготовките на македонската фудбалска репрезентација за претстојните квалификациски дуели со Ерменија и Словачка. Со две откажувања се соочи селекторот Џон Тошак, откако напаѓачите Пандев и Ибраими допатуваа во Скопје со повреди.


Капитенот Пандев се појави на прозивката во х. Александар Палас и по направениот преглед од страна на д-р Камиловски е ослободен од обврските и се враќа на медицински третман во Неапол.

Дополнително,  повикан е фудбалерот на Металург Доњецк, Марио Ѓуровски кој се очекува да се појави на првиот тренинг во 17ч, на кој поради клупски обрски ќе отсуствува Величе Шумуликоски

Експедицијата за Ереван заминува в среда во раните утрински часови, натпреварот се игра во петок.

Ohridnews