Без голови и без победник заврши мечот во Удине помеѓу Удинезе и Наполи. Екипата на македонскиот интернационалец Горан Пандев по ремито на “Фриули“ претрпе голем удар за шампионските амбиции.


Лидерот на табелата Јувентус најмногу профитираше по ремито на Наполи без голови против Удинезе. Разликата на врвот на табелата изнесува шест бодови, а во наредната рунда Наполи на домашен терен го пречекува водечкиот тим во “калчо лигата“.

Капитенот на “црвено жолтите“ Горан Пандев на теренот помина нешто повеќе од половина час и не му помогна на Наполи да стигне до триумф.

Резултати : Удинезе – Наполи 0-0, Лацио Пескара 2-0

Табела : Јувентус 58, Наполи 52, Лацио 46, Милан 45, Интер 44, ….

Мх.П.