Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и неговата фудбалска иднина се во центарот на вниманието во Охрид.

– Преговорите на релација Јувентус – Лацио не ме интересираат. Она на што сум сконцентриран е мечот со Норвешка и патот до победата. Норвешка е квалитетна репрезентација. За нас мечот в сабота е одлучувачки во овие квалификации. Ова е еден од мечевите со предзнакот да се биде или не. Играме пред нашата публика и мислам дека можеме да ја израдуваме – вели Пандев.


Покрај формациските промени се најавуваат и играчки рокади во составот. Во националниот тим Јонуз најави една до две рокади токму покрај Пандев во нападот.

– Пандев има добро друштво, почнувајќи од мене, па до последниот во репрезентативниот табор. Улогата на Пандев во тимот е напаѓачка. Ќе го оставиме да мисли на противничкиот гол, неговата креативност е доволен показател дека може не само да погоди, туку и да асистира, вели Јонуз.


Македонската фудбалска експедиција во Охрид ќе остане уште денеска, а од утре се сели во Скопје.

М.П.