Македонската фудбалска репрезентација денеска во 18ч. по локално време (16ч. ) ќе го одигра квалификацискиот меч против селекцијата на Русија. Атмосферата во нашиот тим е добра и сите посакуваат добро издание против фаворитот Русија кој ни остана должен на гостувањето во Скопје. Сите играчи се здрави и подготвени да го дадат максимумот на Лужники.


–  Не очекува тешко гостување , против многу квалитетна репрезентација. Со новиот селектор имаме и нови амбиции. Добро тренираме , се подготвуваме. Нема што да загубиме, да одиграме слободно, добро, полетно , па зошто и да не изненадиме. Сакам да ги израдувам македонските навивачи со гол на оваа средба, исто како што сакам добро да се претставам и пред навивачите на Наполи во новата сезона која очекувам да биде моја. Наполи има амбиции на три фронта и мислам дека не очекува добра сезона во која заедно со Интер, Милан и Јувентус ќе се бориме за самиот врв во италијанското првенство – рече Горан Пандев.


– Ќе ни биде тешко но имаме нов селектор, нова тактика и се надевам ќе одиграме добро. Со Тошак имаме засега добро искуство, сака да играме со топка да стоиме поблиску до противникот и очекувам тоа да даде резултат- вели Шумуликоски.

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на петтото место во групата Б во евро-квалификациите за Полска и Украина со само четири бода. Три освоивме во Ла Вела на Пиринеите кај аутсајдерот Андора и еден против Ерменија во Скопје. По мечот во Москва, на 6 септември во Скопје ќе ги пречекаме Андорците, а до крајот на циклусот не очекуваат уште дуелите против Ерменија во гости (7 октомври) и на домашен терен против Словачка (11 октомври).

Ohridnews