Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев мечот во Русија го завршил со црвен картон кој го добил по завршувањето на средбата.


Пандев поради приговор на турскиот судија Булент Јилдирим , за недосудениот пенал по стартот врз него во 40 минута доби жолт картон. Протестите нашиот капитен ги продолжил и по завршувањето на мечот по што судијата му покажал црвен картон.

Во текот на мечот “пожолте“  дефанзивецот Николче  Новески и играчот за врска Мухамед Демири, кои поради парни картони, ќе мора да го пропуштат нашиот следен натпревар на 6  септември против Андора во Скопје.

Ohridnews