Капитенот на македонската репрезентација заработи жолт картон , втор во циклусот што значи автоматска суспензија за мечот против Андора. Пандев реагираше на одлуката на главниот судија Илдирај од Турција, кој непосредно пред примениот гол не покажа на белата точка, откако напаѓачот беше соборен во казнетиот простор.


Покрај Пандев, опомена доби и бранителот Новески кој истот така ќе недостига за Македонија против Андора во вторник на “Филип Втори“ арената во Скопје. Покрај Пандев и Новески, жолт заработи и Шумуликоски, но тој ќе може да му се стави на располагање на селекторот Тошак.

М.П.