Забавува динамиката на отворање нови компании во државава. Во третиот квартал од годинава биле отворени 1.843 нови фирми, што е многу помалку од истиот период лани, кога биле отворени 3.166, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Ако, пак, се спореди со третиот кавратал од 2021 година, може да се види дека сега сме на слично ниво – тогаш се отвориле 1.664 компании.

Во Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Охрид, има вкупно 960 новоотворени фирми, или 52 насто од сите новоотворени фирми во третиот квартал од 2023 година. Логично, најмногу има во Скопје, дури 702 – што е 38 насто од сите новоотворени компании во државава. Во Охрид отворени се 51 нова компанија.

Ако се спореди со истиот период лани, може да се види дека годинава во ТОП 5 влегле Охрид и Битола, но затоа ги нема Струга и Гостивар, кои лани беа на четвртата, односно на петтата позиција.

Новоотворените компании најчесто се од дејностите трговија на големо и мало, стручни, научни и технички дејности, други услужни дејности, објекти за сместување и сервисни дејности со храна и градежништво.

Целиот текст прочитајте го тука.

OhridNews

извор. Пари