Илија Козомора и Јане Баткоски, вработени во охридската локална самоуправа, беа најсреќни на денешниот традиционален појадок што секоја година се организира за Василица во просториите на општина Охрид.

Козомора и Баткоски годинава имаа среќа да им паднат василичарските парички и тие се новите кумови. Минатата година кумови беа Тихомир Дурнев, Весна Митреска, Томе Џамтоски и Симон Илиески.

Денешниот настан во локалната самоуправа ја одбележа и пензионирањето на еден од кумовите, Весна Митреска, на која старите кумови во име на сите вработени и посакаа долговечен и среќен пензионерски живот, што беше поздравено со аплауз од присутните.

OhridNews