Вработените во Локалната самоуправа, традиционално, денес во просториите на Општина Охрид, на заеднички појадок ги бараа василичарските парички. Паричките годинава паднаа кај Димитрија Вервезоски, Симе Стефаноски, Виолета Лупеска и Елена Терзоска.

Традиционално, секоја година на Василица во локалната самоуправа појадокот го организираат оние кај кои паричката се паднала минатата година. Во 2015 среќа да ја најдат паричката имаа Кире Думбалоски, Ернестина Маневска и Ванчо Јованоски.

OhridNews