Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 37 решенија против 37 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР. Притоа, на триесет и еден вработен им е изречена мерка “парична казна“ на четири вработени мерка  – “запирање на постапката“ и на двајца вработени мерка – “распоредување две нивоа пониско”.

Мерка „парична казна“ им е изречена на двајца полицајци за БПС во Полициската станица Струга затоа што самоволно отстапиле од предвиденото место за служба без да побараат дозвола.

OhridNews