Зоната на паркирање со наплата во централното градско подрачје осетно е зголемена, а повисока е и цената на паркирање, која наместо досегашните 30, сега изнесува 50 денари за еден час.
Најзасегнати се жителите на улиците Партизанска, каде се укинати повеќе бесплатни зони, како и на Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и околу х. „Ривиера“, каде користењето на паркинг на коловозите сега се наплаќа.
Новиот режим на паркирање предизвика реакции кај граѓаните, кои не се задоволни со најновото решение на Локалната самоуправа. Оттаму пак тврдат дека новиот режим ќе овозможи подобар проток на сообраќај, но и повеќе паркинг места, како за комерцијална употреба, така и во слободни зони.
Како нова слободна зона во центарот на градот се посочува просторот помеѓу Економското училиште и ОУ „Григор Прличев“.
– Овој простор ќе се користи за бесплатно паркирање на возилата, со можност за отворање на пешачка патека по која секој кој ќе го паркира возилото на оваа локација ќе може директно да излезе на улицата Димитар Влахов, информираат од Секторот за сообраќај при локалната самоуправа.
Со паркинзите во Охрид стопанисува ЈП „Билјанини извори“, кое дел од нив неодамна издаде во подзакуп.
Со свеченост денеска беше означен почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, значаен сегмент од Коридорот 8 и уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Охрид и С...
SPAR го отвора својот прв маркет во Охрид во среда, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол Брендот што започна како идеја за заедништво во 1932 година ја продолжува својата приказна во Охрид, носеј...
Од денеска, 12 октомври, започнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето што го покрива СВР Охрид По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, ка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.