Центарот за дневен престој при црквата Св. Ѓорѓија во Охрид  деновиве го посетиле претставници на локалната самоуправа, ни пишуваат од центарот. Притоа  на децата им биле поделени новогодишнии пакетчиња, а градоначалникот Петрески одиграл партија шах со  најдобриот шахист во центаротт Даниел Нунески. На настанот немаше новинари па фотографијата и информациите ни ги испраќаат членовите на Центарот за дневен престој.

Проекот за дневен престој на хендикепирани деца кој се реалиаира  веќе втора година ќе трае три години. Заеднички го  орагнизираат катоиличката црква Св. Кирил и Методиј од Охрид и православната црква Св. Ѓорѓија од Охрид. Најзаслужен за остваруванјето на овој проект, велат од центарот, е отец Стефан Кушан, католички свештеник од Охрид.

Покрај Дневниот центар во Црквата Св. Ѓорѓија се реализираат и други хуманитарни проекти: бесплатни курсеви по англиски и германски јазик, социјални пакети за најзагрозените и слично. Спонзор на пројектот е “РЕНОВАБИС“ од Фрајсинг – Германија, а проектите се помогнати и од Македонски Телекомуникации кои спонзорираа бесплатен интернет, Црвениот Крст,
Јонгис, Жито Леб, Стил Инженеринг, Скок, Депортиво…

Двевниот престој опфаќа 15 деца кои тука поминуваат некоку часови во игра, забава и
учење под надзор на стручни лица.

информацијата ни ја испратија:
Даниел Нунески и Владо Петрески,
Центар за дневен престој на хендикепирани деца-
црква Св. Ѓорѓија, Охрид