Како што информираат од регионалниот Центар за управување со кризи, сите патишта во Охрид и охридско се проодни и исчистени од снег. Слична е состојбата и со патиштата во Струга и струшко.
Екипите за зимско одржување на улици и патишта при ЈП Комуналец од 4 часот утрово се на терен и го расчистуваат снегот од улиците. Како што информира директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев, улиците низ градот и околината се расчистени и посипени се со ризла и сол .