Бугарскиот патријарх Неофит и вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе имаат средба во Истанбул, на која една од главните теми се очекува да биде одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира во застапување пред помесните православни цркви за утврдување на канонскиот статус на македонската православна црква.

Двајцата ќе отслужат заедничка литургија во обновената бугарска црква „Свети Стефан”, позната како железната црква во Истанбул. Неофит ќе биде дел од официјалната делегација, предводена од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. На литургијата ќе учествуваат Борисов и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

По празниците треба да продолжат разговорите на МПЦ со бугарската православна црква.

OhridNews

Макфакс