„Патувајте безгрижно со најдобрите, не одложувајте го својот сон“- порачуваат од новоотворената Туристичка агенција Serenity Travel, чија основна цел е задоволни патници и соработници, за што ќе се погрижи професионалниот и посветен тим на агенцијата.

„Основната визија на агенцијата е да бидеме меѓу најдобрите во регионот со широка и квалитетна понуда за своите клиенти“, вели сопственичката на Serenity Travel, Јилдиз Неби, која зад себе има неколкугодишно искуство во областа на туризмот. 

– Долгогодишната работа во туризмот придонесе да ја засакам оваа работа, а за да се има успех секако мора да се сака својата професија. Самото име на агенцијата значи безгрижно патување, луѓето да се чувствуваат безгрижно додека патуваат преку нашата агенција и нашите аранжмани. Би сакале да бидеме пример за успешно работење во туризмот и се надеваме дека ќе имаме позитивен придонес во областа во која работиме, вели Неби.

Неби долги години беше дел од Младинскиот културен центар, соработка која продолжува и во наредниот период преку заедничко организирање на различни културни манифестации во Охрид, но и во странските земји.

Приоритет на агенцијата ќе биде Охрид да го посетат што поголем број гости од странство. Најавуваат туристи од Турција, Бугарија, Србија, како и од Блискиот исток.
Охриѓани пак, за претстојните празници ќе имаат можност да изберат меѓу бројните привлечни дестинации кои ќе можат да ги посетат по поволни цени.

Туритичката агенција Serenity Travel се наоѓа на улицата „Димитар Влахов“ бр.20 локал 3. Работи од понеделник до петок од 9 до 17 часот.

OhridNews