Глобалниот тренд кој го следат над 15 милиони купувачи во педесеттина земји кои се дел од „Cashback“ светот кој секојдневно расте, пристигна и во познатиот трговскиот бренд од Охрид „Топ Маркет“.
Од сега сите што имаат „Cashback“ картички или мобилна апликација и се дел од оваа растечка мрежа која нуди бенефиции при купувањето, со секое пазарење во некој од „Топ“ маркетите во градот, добиваат поврат на пари на својата сметка и шопинг поени кои потоа множат да ги искористат за купување.


Со „Cashback“ апликацијата која се симнува од вашиот App store, истата ви е секогаш на дланка, без разлика дали кај вас во регионот, во целата држава или во целиот свет, во над 400.000 продавници, физички или онлајн, меѓу кои се и многу светски познати брендови, а од сега и во познатиот охридскиот ланец маркети „Топ Маркет“.
OhridNews












