Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ , Кирил Пецаков во своето завршно обраќање пред локалните избори во недела ја побара поддршката од граѓаните за, како што вели, да се надмине хаосот настанат поради безидејност и проблемите создадени од власта.

Големите одлуки зависат од вас- мои охриѓани. Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија. Ние одлучуваме. Секој глас е важен. Казнете ги погрешните политики на власта со кои ја одзема нашата колективна иднина, истакна Пецаков.

Тој ги повика граѓаните на 17 октомври да излезат на гласање за победа уште во првиот круг

Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина, гласајте за проекти, промени, победи наместо за измами, јас верувам во вас, верувајте и вие во мене. Доаѓаат подобри времиња, подобро утре за сите, вели Пецаков.

Имаме вредни луѓе, одлични идеи, на наша страна се знаењето и работата. Да започнеме со обновата на урнисаното  достоинство на Охрид, додаде Пецаков.

 

OhridNews