Денеска на две локации собираме потписи заедно со граѓаните на Охрид, одѕивот е одличен заклучно со вчерашниот ден на ниво на Македонија се собрани 45 илјади потписи и очекуваме дека до крајот на неделата преку 100 илјади граѓани ќе ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива. Ова на прес конференција во Охрид го изјави пратеникот и член на Извршниот комитет на партијата Кирил Пецаков, за текот на кампањата „Стави потпис за вистински попис”, што пред три дена ја започна ВМРО ДПМНЕ.

Реалноста е дека не само за пописот и начинот на којшто Законот за попис беше донесен туку и генерално политиките на СДСМ и Заев не добиваат поддршка од народот. Народот сѐ повеќе се приклучува на ВМРО-ДПМНЕ и она што треба да претставува отпор кон начинот на владеење на СДСМ. Самиот Закон за попис на начинот на којшто беше донесен наместо да добиеме статистичка операција добиваме политичка операција е проблематичен затоа што доколку имаме статистичка операција тогаш Македонија ќе може и економски и геостратешки во наредните десет години да планира, а политички очигледно е битен само процентот. – рече Пецаков.

Затоа, рече Пецаков, имавме забелешки за овој Закон за попис и баравме да биде со најсовремените технологии спроведен всушност заеднички како што треба да бидат спроведени претстојните локални избори, а тоа е со т.н. отпечаток на прст би биле разрешени и отстранети сите дилеми коишто би ги имале во однос на резултатите коишто би ги добиле од овој попис.

OhridNews