Општина Охрид доследно и целосно ќе биде посветена кон исполнување на сите цели кои заеднички ќе бидат поставени со нашите албански партнери, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на денешната средба во Поградец посветена на заштитата на регионот на Охридското Езеро и неговото сливно подрачје.
Заштитата на Охридското Езеро и целиот регион, по неколку децении заедничка работа, денес добива нов импулс, со дефинирани заложби, стратегија, планови и решенија кои зеднички ќе ги споделат централните и локални власти на Република Албанија и Република Македонија истакна градоначалникот Пецаков.
На средбата покрај градоначалникот Пецаков, присуствуваа и градоначалниците на Струга и Дебрца, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески, како и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Беа избрани и нови членови на Билатералниот комитет за заштита на регионот, а беше разговарано и за стратешкиот план, кој во драфт-верзија треба да биде изготвен до септември и идните активности, информираат од Општина Охрид.
Било договорено идната средба на експертско ниво да се одржи на 27 мај во Охрид.
OhridNews












