Градоначалникот на  Охрид, Кирил Пецаков со честитка по повод Христовото раѓање – Божиќ за верниците од католичката вероисповед. 

Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување  на сите нас овој празник нека не потсети дека во себе носиме љубов и радост, нека ги поттикне и зацврсти мирот и солидарноста во Светот полн со предизвици. Делете радост и помагајте им на сите оние на кои тоа им е потребно потсетувајќи се на непроценливите вредности на меѓусебното почитување и разбирање, се вели во честитката од градоначалникот Пецаков.

Во честитката градоначалникот додава дека само сложни и единствени со позитивна мисла и напредни идеи на кои се темелат добрите проекти може да се гради здраво и напредно општество кое ќе биде заеднички дом за сите.

Искрено ви посакувам мир, среќа, радост и благосостојба. Овој голем Христијански празник нека ни донесе надеж за подобро утро за сите граѓани на Охрид и Република Македонија- стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод католичкиот Божиќ.

OhridNews