Солидарноста, социјалната правда и борбата за унапредување на работничките права се основните симболи на овој празник вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во честитката упатено по повод празникот 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Работниците се најважната алка во развојот на економијата, па затоа ја заслужуваат сета наша почит и внимание. Постојано треба да се залагаме за подобрување на нивниот статус во сите сфери на општественото живеење бидејќи само така ќе може да обезбедиме повисок стандард и достоинствени услови за работа, истакна градоначалникот Пецаков.
Се надевам, додава во честитката, дека Охрид во иднина ќе прерасне во туристички и стопански центар кој ќе обезбедува одлични егзистенцијални услови и ќе биде посакувано место за живеење за сегашните и идните генерации.
Имајте пријатни празнични денови, нека ни е честит и вековит Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, додава градоначалникот Пецаков во честитката.
OhridNews













