Со два возбудливи натпревари вечерва беше спуштена завесата на групната фаза од традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, а веќе утре започнува најинтересниот дел од натпреварувањето, елиминациската фаза.

Во вториот меч, Др. Баткоски убедливо со 4:1 го совлада Дооел Ноче, потврдувајќи ја добрата форма пред почетокот на елиминациските натпревари.
По вечерашните натпревари познати се сите осминафинални двојки, како и костурот од коаут фазата, која стартува во понеделник.
Турнирот продолжува утре со првите осминафинални пресметки, во кои екипите немаат право на поправен. На програмата се три интересни дуели:
20:30 Инекс Олгица Хотел и Спа – Студио 13
21:30 Сатеска – Св. Троица
22:30 Идеал рент а кар Струга – Бразилиан
OhridNews












