Познати се сите полуфиналисти на 20-то, јубилејно издание на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Две од трите четвртфинални средби одиграни вечерва се одлучија по изведувањето пенали. Минатогодишниот победник, екипата на Кафе бар 9, е елиминирана, што значи дека турнирот ќе добие нов шампион.

Резултати 1/4 финале, 03.08.2025, недела

Кибо Пласт – Стоматолошки центар Др. Баткоски 2:4
Инекс Олгица – Гранит Х 1:1 (3:4)
Сатеска – Кафе бар 9 1:1 (4:2)

Понеделник е слободен ден, а турнирот продолжува во вторник со полуфиналните пресметки.

Полуфинале – 04.08.2025, вторник

21:00 Стоматолошки центар Др. Баткоски – Гранит Х
22:00 Сатеска АСП ПАК

Г.М.