Во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, викендов, во Спортскиот рекреативен центар „Билјанини извори“ се одржаа Општинските пензионерски спортски натпревари. На натпреварите учествуваа околу 90 пензионери-спортисти кои се натпреваруваа во стандардните 11 дисциплини: гаѓање со воздушна пушка, шах, пикадо, влечење јаже, табла, домино, фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, скок од место, слободно фрлање на кош и шутирање на пенали на мали голови.
Најдобрите спортисти во машка и женска конкуренција кои освоија први места во поединечна и екипна конкуренција, ќе настапат на претстојните регионални спортски натпревари кои на девети јуни ќе се одржат во Вевчани. На натпреварите во Вевчани ќе земат учество спортски екипи од здруженијата на пензионерите од Струга, Кичево, Охрид, Македонски Брод, Дебар, Лабуништа и домаќинот Вевчани.
Најдобрите екипи на регионалните натпревари ќе се здобијат со право на учество на 23-те Републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија, кои на 4 септември ќе се одржат во Скопје.
OhridNews













