Вчера во 12 часот, во водите на Охридското езеро, наспроти населбата Елешец, на околу 30 метри од брегот на езерото, од страна на езерската полиција, бил затекнат жител од Пештани кој во метален чамец вадел рибарски мрежи.

Од страна на УПС со потврда за привремено одземени предмети од лицето се одземени: метален чамец, пента, 32 парчиња риба (белвица и клен), две рибарски мрежи, резервоар и едно весло.

Против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.

OhridNews