Заврши првиот дел од „Фестивалот на плашица  – Охрид 2010“ на кој екипите од балканот се натпреваруваа во риболов и готвење рибна чорба. Уловената риба на натпреварот во дисциплината лов риба со јадица на пливка се подари на 2 хотели и 10 ресторани кои направија свои специјалитети од плашица како: поховани плашици, разни тави , пици од плашици , салати и палачинки од плашици .

Во риболов победник екипа е на Бабуна од Велес, во поединачна конкуренција победник е Миров Миланчо натпреварувач на истата екипа. Од Охридските екипи најдобропласирана е екипата на Св.Апостол Петар која го освои  второто место а најдобар натпреварувач од Охрид е Славко Наумоски кој го освои второто место во поединечна конкуренција.

Петчлена жири комисија за најдобра рибна чорба на првит Фестивал на плашица ја прогласи „ Пештанската “на екипата на Св.Апостол Петар со главен готвач Зоран Михајловски.  Главната борба се водеше помеѓу Пештанската чорба  и Охридската која ја приготвуваше екипата на уметници со Борис Ѓорѓиоски како главен готвач, разликата беше само за еден поен. Во сенка на Охридските рибни чорби останаа : Гемиџиската, Стариот Алас, Стрежевската , Пиринската и Босанско Кичевскиот лонец.

Рибните чорби се правеа од разни видови риби како сом , штука ,крап ,пастрмка и многу други видови риби од Балканските води.

Победничката „Пештанска “ рибна чорба ќе се прави во реномирани хотели и ресторани низ цела Македонија , така ќе можат сите граѓани на Македонија да го пробат нејзиниот вкус.

Првата награда  е од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и Победничката „Пештанска “рибна чорба од истата екипа и главниот готвач ќе се  припрема еден викенд во февруари во реномиран хотел во Скопје.

Фестивалот на плашицата ќе има и втор дел кој ќе се одржи во ноември на каналот Студенчишта.

Ohridnews

Рибарите приредија атракција и вкусна чорба