Учениците и наставниците од Основното училиште “Св. Наум Охридски“ од Пештани и подрачните училишта во селата Елшани, Коњско и Трпејца во соработка со  родителите, вчера, го реализираа завршниот дел од кампањата “Здрава храна за детство без мана“, како  дел од програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Во рамки на презентацијата се одржа дегустација на здрава храна – креативни изработки од зеленчук и овошје, која ја изработија учениците со помош на своите наставници и родителите.

         
Целта на проектот е  учениците да се запознаат со значењето на здравата храна и да ја конзумираат секојдневно, велат од ОУ “Св. Наум Охридски“.

OhridNews