Електронското списание Пљускови од Белград – Србија, објави избор необјавени песни од поетот Пере Ристески, за кои преводот го направи еден од најреномираните авангардни поети од Србија Предраг Милојевиќ. Ова електронско списание пред се е ориентирано кон пронаоѓање и промовирање на нови литературни имиња на културната сцена во Србија и регионот.

Ристески е роден во Струга, а живее во Охрид каде работи како одделенски наставник. Добитник е на повеќе сертификати од областа на педагогијата, образованието, ИКТ во наставата, современа организација во образованието и сл.Над 30 стручни трудови од наставно – воспитен карактер има објавено во гласилата: „Просветен работник“ и „Воспитни крстопати“.

Негови објавени книги се: Гревот на првата љубов (поезија), и Крајпатни ветришта (поезија). Поезијата на Ристески е објавувана во Франција (Поемхунтер), Црна Гора (Зборник Нови мостови) и Србија (списание Пљускови).

OhridNews