Центар за култура „Григор Прличев“

Од 06.04.2019 - 20:00 до 06.04.2019 - 21:30

На 6 април во големата сала на Центарот за култура извонредното кабаре “2 Mothers Brothers” на професионалните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, ќе одбележи мал јубилеј – 5 години постоење на сцената. По тој повод “2 Mothers Brothers” подготвуваат спектакуларно шоу, засилено со гости и други изненадувања за публиката.

Билетите се пуштени во продажба во музичка продавница Зизи Топ. Во периодот заклучно со 25ти март се со промотивна цена од 200 денари, а потоа до денот на изведба по 250 денари.

Стартот на шоуто на 6 април,  е во 20:00 часот на големата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

Главен медиумски покровител на настанот е OhridNews.