Основниот суд во Струга, вчера, ја изрече пресудата во случајот со палењето на знамето на Република Македонија, што се случи на 23 јануари оваа година пред зградата на општината.

Судот го прогласи обвинетиот Минир Исмаили (’57) за виновен за предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост според член 319 став 1 од Кривичниот законик и му изрече казна затвор во траење од 5 месеци.

Адвокатот на осудениот Артим Ислами најави дека ќе биде обжалена одлуката на Основниот суд во Струга.

Осудениот Минир Ислами изјави дека донесената пресуда е политичка, и дека ова е прв пат некој во Македонија да биде осуден за вакво дело.

OhridNews