На булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, вчера, околу 23.50 часот, се случила тешка сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Рено меган“ и „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувани од 22-годишни лица.

Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и три лица-сопатници во возилата на возраст од 19 до 22 години, сите од Скопје.

Повредените со возила на итна медицинска помош биле пренесени во скопските клиники, каде им била укажана лекарска помош.

OhridNews