На денес одржаната прес конференција советничката и претседател на УЖ на ВМРО ДПМНЕ Охрид,Лидија Петкоска, обвини за лоша состојба со водоснабувањето во делови од општината.

  • Дали почитуван градоначалнику откако завршија изборите издвоивте барем половина час за да ги сослушате жителите од погорните куќи на селото Горно Лакочереј, кои молат за капка вода? Сте се сретнале ли барем еднаш со жителите на Велгошти, Видобишта од Стобекс спрема село Рамне за да Ви кажат дека во летниот период притисокот на водата им е речиси на нула? Ве загрижува ли песокот во водата што ја пијат жителите на улица „Мaкедонски просветители“ или матната вода којашто ја имаат во Долно Лакочереј?, праша Петкоска.

Додаде дека без елементарни услови за живот нема да се задржат младите во Охрид, ниту ќе се развива туризмот.

OhridNews