Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседател на УЖ Охрид, обвини за неуспешно раководење со Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“.

  • Иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат: Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални?, праша Петкоска.

Таа упати и прашање зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“.

  • Како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“? Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери, рече Петкоска.

OhridNews