Петковски: Во законот за бранители да се вклучат и борците на ОНА
29.09.12 22:11
Лидерот на НСДП и пратеник во Собранието во опозиција, Тито Петковски, во интервју за Прес 24 вели дека и борците на ОНА треба да се вклучат во законот за посебните права на бранителите, пренесува „Макфакс“.
„За каков било вид зафаќања средства од Буџетот на државата мора да се донесе Закон или Одлука со сила на закон. Друг начин не постои, доколку власта сака да го спроведе Охридскиот рамковен договор. Во него, покрај другото има и обврска за ресоцијализација на учесниците во конфликтот од 2001 година. Независно дали се работи за социјални бенефиции за припадниците на ОНА или семејствата на загинатите или било каков систем на помош за нив. Без тоа не е можно нивно вклопување и интеграција во новото општество произлезено од конфликтот во 2001 година“, вели Петковски.
Тој верува дека тоа е вистинскиот пат за простување, помирување, градење на меѓусебна доверба и успешна интеграција во македонското општество на сите нејзини граѓани, без оглед на етничката припадност.
На прашањето како тоа да им се објасни на македонските граѓани, Петковски вели дека тоа треба да се направи отворено и со многу аргументи.
„Како што прифатија македонските граѓани, плата да примаат од државниот буџет командантите на ОНА, кои седат во Владата на Република Македонија и во Собранието на Република Македонија, и ги користат сите привилегии на власта. Оние што командуваа со ОНА во воените операции против македонските бранители, како што самите удрија по Уставниот поредок на државата, денес заедно со ВМРО-ДПМНЕ ја водат државата и тоа не е спорно“, вели Петковски.
Тој смета дека на македонските граѓани мора да им се објасни дека и оние Албанци што не се на функции, а учествувале во воениот конфликт треба конечно да ја почувствуваат Македонија како своја татковина и целосно да се интегрираат во македонското општество.
Исто така, тој смета дека не е ли се уште рано за затворање на едно вакво прашање и покрај тоа што сеќавањата се свежи?, затоа што секојдневното дружење на министрите и пратениците македонски со министрите и пратениците Албанци исто така, дневно го навраќаат на 2001 год..
„Зарем Никола Груевски не велеше на цел глас дека нема да прави влада со терористи и убијци, па гледате како фино си се разбираат и воопшто не им пречи 2001 година. Ама тендерите и парите не нанесуваат болка. Боли само она што од Буџетот треба да се даде и на други надвор од нивниот круг. Впрочем во името на идните, генерации немаме право и натаму да останеме во мрачната зона на недоверба, омраза и тежнение кон одмазда. Повеќе од сигурен сум дека во Македонија недостасува политичка волја за решавање на ова прашање и за затворање на непријателствата“, вели Петковски.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со ...
Во селото Оровник во општина Дебрца во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидува подобрување на патната и комуналната инфраструктура Проектот опфаќа целос...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.