Петмина се полесно повредени во експлозијата која што се случи на метро страницата Саутгејт во Лондон. Полицијата го истражува случајот, причините за експлозијата сè уште не се познати.

Експлозија се случи синоќа на станицата Southgate, која се наоѓа во северниот дел на Лондон. Според дел од медиумите полесно се повредени петмина, а некои од нив се пренесени во болница.

Местото каде што се случи експлозијата синоќа беше блокирано од десетици полицајци. Со помош на полициски кучиња се пребаруваше теренот, во случај да има поставени бомби, а сообраќајот беше во прекин подолго време.