Антонија Михајлоска е првороденото дете во 2009 година во Охрид, во семејството на Убавка и Павле Михајлоски.

Традиционално и оваа година градоначалникот Александар Петрески, на 14 јануари во 12 часот ќе го посети семејството Михајлоски и ќе му подари штедна книшка со влог од десет илјади денари, со желби за добро здравје и среќа за малата Антонија и нејзиното семејство.

Антонија дојде на свет на 1 јануари во десет часот, како трето дете во семејството Михајлоски, по двете повозрасни сестри Луција и Бојана.

Ohridnews