Градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески, оствари средба со директорката на “Охридско лето” Елизабета Јанкуловска.

Во пресрет на почетокот на фестивалот “Охридско лето”, директорката Јанкуловскав го информираше Градоначалникот околу подготовките за фестивалот и му се заблагодари за неговата ангажираност во организацијата на фестивалот.

Градоначалникот Петрески изјави дека Општина Охрид заедно со јавните претпријатија ќе помогне во рамките на своите можности.

OhridNews