Градоначалникот Петрески денеска ќе оствари средба со граѓаните на Охрид.  Заради поголема ефикасност  во решавањето на проблемите или барањата на граѓаните, со градоначалникот ќе бидат и раководителите на секторите на администрацијата како и директорите на јавните претпријатија, информираат од  локалната самоуправа.

Вакви средби како што најавуваат од општината ќе се одржуваат еднаш месечно,  а приемни денови кај градоначалникот ќе бидат вторник и четврток од 12- 14 часот.

Ohridnews