Екипата на АСП ПАК по изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во драматичен натпревар, АСП ПАК и Кафе бар Коко одиграа 2:2 во регуларниот дел, а бранителот на трофејот беше поуспешен во пенал рулетот со 6:5.

Во останатите два осминафинални натпревари, Охридски бисер Филеви ја совлада Нова-пор со 3:2, додека Др. Баткоски славеше против Оровник со 3:1.

АСП ПАК, Охридски бисер Филеви и Др. Баткоски се првите патници меѓу осумте најдобри екипи на турнирот, кој годинава се игра по 51. пат.

Осминафиналната програма продолжува вечерва со уште три натпревари. Од 20:30 часот се среќаваат Гранит Х и Златара Бени Ерол, во 21:30 часот играат Сатеска и Гостилница Кај Мече, а вечерта ќе ја заокружат Чардак Велгошти и Етно ресторан Дедо Димо, со почеток во 22:30 часот.

Г.М.