Три натпревари со вкупно 30 постигнати голови беа одиграни синоќа на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, каде фаворитите забележаа убедливи победи во групната фаза.
Во Групата Б, Кафе Бар Коко баше поуспешен од Попоски Инженеринг Кафе со 6:4, додека Хотел и Спа Инекс Олгица убедливо славеше над Томе Електрик со 11:3. Во единствениот натпревар од Групата Ф, екипата на Сатеска го совлада АД Галеб со 5:1.
Вечерва турнирот продолжува со три нови средби:
20:30 Нова-Пор – Дооел Ноче (Група Ц)
21:30 Виена Комерц – БЗ Груп Струга (Група Ц)
22:30 Аце Најдески – Охридски Бисер Филеви (Група Д)
Г.М.












