По дводневната пауза, синоќа продолжија натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде на програмата беа три средби од групите Е и Ф.
Во рамки на групата Е, екипата на Гостилница Кај Мече одигра два натпревари со половичен успех. Во првиот загуби од Гранит Х2:5, а во втората беше подобра од Студио 13 Ресен со 2:1.
Во единствениот натпревар од групата Ф, Сатеска и Златара Бени Ерол одиграа нерешено 1:1. Победникот беше решен по изведувањето пенали. Славеше екипата на Златара Бени Ерол 2:3.
Натпреварите на турнирот продолжуваат вечерва со нови три средби. Програмата ја отвора дуелот од групата А меѓу АСП ПАК и Топлина со почеток во 20:30 часот. Во 21:30 часот, исто така во групата А, ќе се сретнат Кафе Бар Слобода Кичево и Пејачката Софче Македонија, додека вечерта ќе ја затвори натпреварот од групата Х помеѓу Киоск кај Бироно и Етно ресторан Дедо Димо, кој започнува во 22:30 часот.
OhridNews











