Петровиќ : “Охридската публика да биде наш 6 -ти играч“
03.07.09 00:35
Македонската женска репрезентација за кошаркарки до 20 година во Охрид ќе ги финишира подготовките за престојниот настап на Европското Првенство Б дивизија што во арената „Билјанин Извори“ ќе се игра од 6 до 15 Јули.
Два пати дневно под полна пареа се работи во „Билјанини Извори“ каде кошаркаките ќе ја темпираат формата до стартот на првенството кое почнува во понеделник.
– Имаме одлична атмосфера во Охрид и во репрезентацијата, која може да ни донесе само позитивни резултати. Се надавем на пласман во 1/4 финалето и обезбедување на нокаут натпревар – вели селекторот Александар Петровиќ.
Главниот акцент во овие неколку дена ќе биде ставен на формирање на препознатлива игра, дисциплинирана како во одбранта така и во нападот, ќе се инсистира на брза кошарака со доста контра напади кои носат лесни поени .
– Ако неискустовото е нашиот најголем минус, тогаш најголем плус е тоа што ова е доста перспективна селекција од која вистинските резултати ќе ги очекуваме в година. Сигурно дека ќе се обидеме и на ова првенство да стигнеме до добар резултат играме дома во одличен термин и очекувам подршка од охридската публика кој ќе биде наш шести играч – завршува Петровиќ
Со три натпревари синоќа продолжија возбудувањата на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Др Баткоски го совлада Охридски бисер Филеви со 3:1, додека Инекс Олгица пр...
Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“ Двете...
Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026 Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.