Вечерва во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на месните комитети се изврши официјалното примопредавање на функцијата претседател на општинскиот комитет. Д-р Кирил Пецаков му ја предаде функицијата на новиот претседател Сашо Донев.
-Со тоа се спроведе одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев да биде новиот претседател на Општинскиот комитет на партијата во Охрид, кој доби доверба од претседателот Христијан Мицкоски. ВМРО -ДПМНЕ Охрид продолжува да биде отворена за секој граѓанин со желба за активизам и борба. – стои во партиското соопштение.
OhridNews












