Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Добитник е на повеќе награди на државни и на меѓународни натпревари и има настапувано на солистички и камерни рецитали во земјата и во странство. Настапувала како солист со Македонската филхармонија, а во 2024 година настапува во Виена со Камерниот оркестар на Националната опера и балет. Редовно учествува на фестивали во Македонија.
Од 2021 година работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.
OhridNews













